Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат
Немате основни познавања од технологија
Без разлика на вашата возраст, денес мора да имате барем најосновни познавања од технологија. Па, потрудете се да се подготвите однапред.
Ако, на пример, имате видеоинтервју, однапред подгответе се и тестирајте ја платформата.
Не чекајте да откривате како работи платформата пет минути пред интервјуто бидејќи ќе делувате непрофесионално.
Истовремено, осигурете се дека имате барем основни познавања од компјутери.
Постојано спомнувате некој успешен што го познавате
Ако имате братучед кој е директор или зет кој е бизнисмен или што било, немојте да ги спомнувате.
Ако постојано нагласувате дека се знаете со некој моќен или дека сте во роднинска врска, делува како да пробувате да ги придобиете оние кои ве интервјуираат со туѓи достигнувања.
Односно, изгледа како да „фаќате врски“ за да ја добиете позицијата. А, ова нема да остави добар впечаток.
Користите многу суперлативи
Избегнувајте придавки како најдобри, најпаметни и слично кога се опишувате себеси.
Оние кои ве интервјуираат се свесни дека вие не сте совршена личност, па со користењето суперлативи ќе делува како да кажувате лаги.
На пример, наместо да кажете дека сте најдобар избор за позицијата, кажете дека сте соодветен избор поради искуството, образованието…
Не запишувате ништо
Кога сте подготвени за интервју за работа, веројатно ќе си имате запишано и неколку прашања. А, кога ќе ви ги одговорат, добро е да ги запишете.
Исто така, запишувајте си белешки за сите важни работи што ќе ви ги спомнат на интервјуто.
Не тргнувајте со помислата дека ќе се пофалите со добро помнење ако не запишувате ништо.
Напротив, може да оставите лош впечаток бидејќи ќе делувате незаинтересирано за работата.
Спирова С. | Црнобело