10 вежби што ја подобруваат циркулацијата во нозете
Проблемите со циркулацијата во нозете се доста честа појава, па очигледно сите треба да обрнеме внимание на ова.
Еден од наједноставните начини да ја спречите појавата на проблемите со циркулацијата во нозете, или да си помогнете ако веќе го имате овој проблем, е физичката активност. А, некои вежби се како совршени за ова и можете да ги погледнете во продолжение.
Сепак, ако имате сериозни проблеми со циркулацијата во нозете, пред да преземате што било, не заборавајте да се консултирате со лекар.
Пешачење
Пешачењето е најдобрата активност кога станува збор за подобрување на циркулацијата, и тоа низ целото тело. Доволно е да пешачите 3-5 пати неделно, не помалку од 15 минути. Само, не заборавајте да обрнете внимание на правилното држење на телото додека пешачите.
Пливање
Од пливањето има бројни придобивки, вклучувајќи го и подобрувањето на циркулацијата. Препорачливо е да пливате барем половина час, трипати неделно, за да ги почувствувате овие придобивки.
Аеробни вежби во вода
Со правењето аеробни вежби во вода ќе го намалите ризикот од повреди, а сепак ќе ги почувствувате придобивките. И во овој случај најдобро е да вежбате најмалку половина час, трипати неделно.
Чучнувања
Оваа вежба ќе ви помогне и да ги зајакнете мускулите на задникот и нозете, само осигурете се дека ја изведувате правилно – кога клекнувате колената треба да бидат во линија со стапалата и да формираат прав агол.
Направете што е можно повеќе повторувања, но не помалку од 25. Ако не можете одеднаш, правете ја вежбата во серии.
Истегнување на стапалата
Седнете на подот со исправен грб и испружете ги нозете кон напред, а рацете поставете ги малку поназад од задникот и потпрете се на нив. Свртете ги прстите од нозете нагоре, заедно со стапалото, додека не почувствувате затегнување кај листовите. Потоа испружете ги кон напред. Направете најмалку 5 повторувања.