10 вежби што ја подобруваат циркулацијата во нозете
Потпирање на нозете на ѕидот
Оваа јога поза е едноставна и одлична за циркулацијата на нозете – треба само да легнете на подот и да ги потпрете нозете на ѕидот. Останете во оваа положба од 5 до 20 минути. Добро би било да постелите ќебе или нешто слично за да не го повредите грбот.
Одење на прсти
И одењето на прсти е добро за циркулацијата на нозете. Едноставно, застанете на прсти и направете 50-тина чекори на овој начин.
Истегнување на препоните
Оваа вежба ќе ја подобри циркулацијата во нозете, но и ќе ја зголеми вашата флексибилност. Седнете на подот и спојте ги стапалата што е можно поблиску до вас.
Фатете ги стапалата со дланките и почнете да се наведнувате напред. Би требало да почувствувате истегнување во областа кај препоните. Останете во таа положба околу 2 минути, па повторете ја вежбата уште 3 пати.
Раширени нозе
Уште една желба одлична и за циркулацијата, и за флексибилноста. Седнете со што е можно пораширени нозе, испружете ги рацете пред вас и почнете да го спуштате горниот дел од телото кон земјата. Останете во оваа положба околу 1 минута.
Возење велосипед
Возењето велосипед, без разлика дали во природа, низ град или статичен, е секогаш добра физичка активност. За да ги почувствувате придобивките, возете најмалку половина час.
Спирова С. | Црнобело