Скршената рачка од џогер искористете ја за фит тело – 13 предлог вежби
-->
Нема потреба од теретана или скапа опрема за вежбање за да бидете во форма – некогаш ќе ви се најдат и предмети што веќе ги имате во домот.
Во продолжение можете да погледнете неколку забавни вежби кои можете да ги правите дома и со кои ќе ги активирате мускулите во целото тело. За овие вежби ви треба долг стап, а како замена можете да искористите рачка од метла или џогер.
-->
Вежба за грб, стомак и раце
- Раширете ги нозете повеќе од рамената.
- Ставете ја рачката на рамената и малку свиткајте ги колената.
- Свртете се на една страна што е можно повеќе, без да ги движите нозете, а потоа свртете се и на другата.
- Правете ја вежбата 30-секунди.
Вежба за раце и половина
- Раширете ги нозете малку повеќе од рамената.
- Со двете раце фатете ја рачката пред вас и малку свиткајте ги колената.
- Држете го грбот исправен и завртете се на едната, па на другата страна, слично како претходната вежба.
- Правете ја вежбата 30 секунди.
Вежба за половина, стомак и раце
- Фатете ја рачката со двете раце и раширете ги нозете колку рамената.
- Испружете ги рацете напред и наведнете се, па малку свиткајте ги колената.
- Завртете се на едната, па на другата страна без да ги движите нозете.
- Правете ја вежбата 40 секунди.
Вежба за нозе
- Раширете ги нозете колку рамената и ставете ја рачката на рамената.
- Кренете ја десната нога што е можно повисоко.
- Потоа кренете ја левата.
- Правете ја вежбата наизменично со двете нозе 40 секунди.
-->
-->
Вежба за стомак и нозе
- Застанете со малку раширени нозе и ставете ја рачката на рамената.
- Соберете го стомакот, свиткајте го левото колено и доближете го стапот.
- Повторете со другата нога.
- Правете ја вежбата 40 секунди, наизменично со двете нозе.
-->
Веслање
- Раширете ги нозете колку рамената.
- Фатете ја рачката пред вас со двете раце.
- Со рацете и рачката правете движења како веслање.
- Правете ја вежбате со 40 секунди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер)
Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите
Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео)
За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде)
Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 јога вежби за ефикасно слабеење
Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе
Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...
-->