There are not feed items to display.
- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Скршената рачка од џогер искористете ја за фит тело – 13 предлог вежби
-->
Вежба за истегнување
- Раширете ги нозете колку рамената.
- Фатете ја рачката со двете раце пред вас.
- Полека наведнете се напред, а притоа испружете ги рацете, па вратете се во почетната положба.
- Правете ја вежбата 30 секунди.
Стомачни
- Легнете на грб и фатете ја рачката со двете раце над главата.
- Кренете го трупот и доближете ја рачката до колената.
- Исправете се и кренете ги рацете со рачката врз глава, па вратете се во првобитната положба.
- Правете ја вежбата 40 секунди.
Вежба за стомачни и нозе
- Легнете на грб, фатете ја рачката со двете раце и испружете ги рацете над главата. Кренете ги и нозете.
- Потоа кренете ја рачката, па наизменично спуштајте ги нозете - прво едната, па другата.
- Правете ја вежбата 45 секунди.
-->
Вежба за гради и раце
- Раширете ги нозете повеќе од рамената.
- Испружете ги рацете на страна, а во едната фатете ја рачката.
- Спојте ги дланките пред вас и префрлете ја рачката од една во друга рака, и повторно испружете ги рацете од страна.
- Повторувајте 40 секунди.
Вежба за рамена, раце и нозе
- Раширете ги нозете малку повеќе од рамената и фатете ја рачката со двете раце пред вас.
- Замавнете со рачката на едната, па на другата страна. При секое движење не ги одвојувате нозете од подот – само малку кренете ја петата.
- Повторувајте 30 секунди.
Вежба за нозе
- Потпрете се на рачката пред вас со левата рака, а десната ставете ја на половината.
- Кренете ја десната нога странично еднаш малку, а вториот пат што е можно повеќе.
- Направете 8 повторувања со секоја нога.
Чучнувања
- Фатете ја рачката пред вас и застанете со раширени нозе.
- Држејќи се за рачката, клекнете што е можно повеќе, па вратете се во првобитната положба.
- Повторувајте 20 до 30 секунди.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер)
Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите
Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео)
За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде)
Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 јога вежби за ефикасно слабеење
Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе
Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...