Пилатес вежби за кои не ви треба опрема и можете да ги правите дома

Нема потреба да одите во теретана или да купувате скапа спортска опрема за да бидете во форма. Пилатесот ќе ви помогне да го направите тоа од удобноста на вашиот дом.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-01.jpg

Идејата зад пилатесот е да ја користите тежината на вашето тело за изведување на вежбите, така што нема потреба од никаква опрема. За некои вежби можеби ќе ви треба топка и слично, но за поголемиот дел ќе ви треба да само волја да почнете со вежбање.

Во продолжение погледнете 9 пилатес вежби што можете да ги изведувате и дома:

Вежба број 1

- Легнете на грб и поставете ги дланките на задниот дел од половината. Користејќи ги рамената и рацете како потпира, застанете во положба на „свеќа“ (како на првата илустрација).

- Свиткајте го десното колено и доближете го до лицето, и испружете ја десната нога.

- Почнете да правите кружни движења со нозете, исто како кога возите велосипед.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-02.jpg

Вежба број 2

- Легнете на грб и испружете ги рацете нагоре.

- Држејќи ги рацете исправени, бавно подигнете го горниот дел од телото и активирајте ги стомачните мускули. Држете ги рацете паралелно со нозете и подот.

- Вратете се во почетната положба и повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-03.jpg

Вежба број 3

- Застанете во положба „планк“ и потпирајте се на дланките и прстите на нозете.

- Полека истегнете го левото стапало што е можно повеќе. Важно е да не ја кревате ногата.

- Полека спуштајте го и кревајте го десното стапало неколкупати, а потоа повторете со другата страна.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-04.jpg

Вежба број 4

- Седнете на подот, свиткајте ги нозете и фатете ги со рацете како на првата илустрација.

- Полека навалете се назад и спуштете се на подот како на втората илустрација.

- Вратете се во почетната положба и повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg