Пилатес вежби за кои не ви треба опрема и можете да ги правите дома

Вежба број 5

- Седнете на подот со раширени нозе. Грбот треба да ви биде исправен.

- Кренете ги рацете од страна, во висина на рамената.

- Свртете го горниот дел од телото кон едната страна, а потоа на друга. Повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-06.jpg

Вежба број 6

- Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото.

- Полека кренете ги нозете и колковите, придржувајќи се со рацете. Држете ги нозете исправени и доближете ги што е можно повеќе до лицето.

- Бавно спуштете ги колковите на земјата и испружете ги рацете нагоре, па повторете ја вежбата неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-07.jpg

Вежба број 7

- Легнете на грб, испружете ги рацете нагоре, кренете ги нозете и свиткајте ги колената под прав агол.

- Држете ги нозете свиткани и бавно кренете го горниот дел од телото, активирајќи ги стомачните.

- Вратете се во почетната положба и повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-08.jpg

Вежба број 8

- Седнете на подот со испружени нозе и исправен грб.

- Ставете ги дланките зад главата и полека наведнете се кон напред.

- Вртете се во почетната положба и повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-09.jpg

Вежба број 9

- Легнете на грб, свиткајте ги колената и фатете ги нозете со рацете, како на првата илустрација.

- Испружете ги рацете и нозете без да ги спуштате на земјата, како на втората илустрација.

- Вратете се во првата положба и повторете неколкупати.

pilates-vezhbi-za-koi-ne-vi-treba-oprema-i-mozhete-da-gi-izveduvate-doma-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg