Зошто е важно да носите квалитетни спортски патики?

Правилно избраните патики навистина ја прават разликата. Без разлика дали шетате низ град, играте кошарка или пешачите, спортските патики ќе ви овозможат удобност.

Zosto e vazno da nosite kvalitetni sportski patiki 01

Ако барате нови патики и немате идеја од каде да тргнете, имаме неколку совети кои ќе ви заштедат време и нерви.

Квалитетните патики не се ефтини, затоа многумина не можат да си дозволат два или повеќе пара спортски патики, па најчесто користат еден пар патики на многу начини, што во никој случај не е паметно или здраво.

Имено, различните движења во различни спортови ги оптоваруваат стапалото и глуждот на различен начин. Затоа е важно да се изберат вистинските обувки за да се избегнат несреќи и повреди.

Патики за трчање се меки во пределот на прстите, а тврди на петиците, за ударите полесно да се амортизираат. Патики за пешачење се пофлексибилни, додека патики за лов и планинарење треба да бидат високи и цврсти околу глуждот, за заштита од камења и гранки.

Zosto e vazno da nosite kvalitetni sportski patiki 02

Изберете ги патиките според формата на стапалото

Дури и најдобро дизајнираните патики во светот нема да ја завршат својата работа ако не ви одговараат на ногата. Не размислувајте само за големината на нозете, бидејќи тој број се менува во текот на животот.

Можеби не знаевте, но најдобро е да купувате патики на крајот на денот, кога нозете и стапалата ви се уморни од секојдневните активности, а зглобовите отечени. Доколку тогаш ви одговараат патиките, тоа значи дека ќе ви бидат добри во секое време.

Ниту еден пар патики не трае вечно

Колку повеќе ги користите, толку побрзо патиките ќе се истрошат и повеќе нема да бидат толку удобни, ниту безбедни. Ако по тренингот (иако ги носите вашите омилени патики) чувствувате умор во нозете или прстите, време е да ги замените.

Zosto e vazno da nosite kvalitetni sportski patiki 03

Секоја спортска опрема има свој животен век. Колку долго ќе можете да ги носите вашите патики зависи од голем број фактори, како што се подлогата на која се користат, килограмите, вашиот стил на одење или трчање и нивниот квалитет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg