8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана
Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеби треба да вежбате со помала тежина.
Вежбањето во теретана има бројни придобивки, но сè додека ги изведувате вежбите правило.
Ако не сте во правилна положба, не само што ќе ја намалите ефикасноста на вежбите, туку некогаш го зголемувате и ризикот од повреди.
Осум вежби кои луѓето најчесто ги прават погрешно во теретана:
Прва вежба
Кога правите исчекорувања со тегови, многу е важно како ги поставувате нозете.
Чекорот што го правите кон напред треба да биде доволно голем, за кога ќе клекнете, стапалото на предната нога да биде веднаш под коленото.
Исто така, со задното колено не треба да го допрете подот.
Втора вежба
Кога се кревате на две шипки, како на илустрациите, телото не треба да ви биде нормално во однос на подот.
Малку навалете се напред за подобро да ја распоредите тежината.
Исто така, немојте да се спуштате премногу ниско бидејќи непотребно ќе ги оптоварите мускулите.
Трета вежба
Кога кревате тег на клупа, обрнете внимание на грбот – не треба да го искривувате премногу.
Доколку многу го искривувате, тогаш веројатно треба да вежбате со помала тежина.
Четврта вежба
Кога станува збор за вежбата на илустрацијата подолу, многу луѓе погрешно ги поставуваат рацете.
Не треба да се многу исправени и не треба да ги враќате многу назад бидејќи можете да се повредите.
Кај оваа вежба повеќе треба да ги активирате мускулите на градите, а не на рацете.