Ветеринар открива кои раси на кучиња никогаш не би ги купил и зошто
Расите како шар-пеј и француски булдог можеби имаат добар карактер и изгледаат слатко, но скоро сите кучиња од овие раси имаат сериозни проблеми со здравјето, па според ветеринарот Бен не е воопшто фер да се поттикнува нивното размножување.
Секоја раса има свои карактеристики кои мора да ги земете предвид пред да се одлучите какво куче сакате.
Некои се многу темпераменти, некои се помрзливи, некои се добри чувари, а некои се и поагресивни.
Но истовремено, во зависност од расата, многу кучиња можат да имаат и вродени здравствени проблеми или зголемен ризик од одредени болести.
Сакајќи да ја зголеми свеста за ова, ветеринарот Бен, познат како Ben the Vet, на ТикТок споделува кои се расите што никогаш не би ги купил и зошто.
5 раси за кои Бен вели дека никогаш нема да ги купи:
Чау Чау
Бен вели дека иако овие кучиња се слатки и некои можат да бидат мирни, повеќето имаат лош темперамент.
„Често се многу агресивни кон ветеринарите и тешко е да им се стави маска на устата. Често страдаат и од многу проблеми со очите, а нивниот виолетов јазик може да биде вознемирувачки“.
Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс
Бен вели дека овие кучиња се многу мирни и со задоволство би чувал вакво куче доколку немаа многу проблеми со здравјето.
„Скоро сите кучиња од оваа раса добиваат иста болест на срцето, што значи последните денови ги минуваат со кашлање и тешкотии со дишењето, а на крај умираат.
Според мене, не е фер да се размножува куче со толку многу здравствени проблеми“.
Јазовичар
И овојпат, Бен вели дека причината што никогаш не би купил вакво куче се проблемите со здравјето.
„Едни од моите омилени пациенти се јазовичарите, но едно од четири развива проблеми со грбот во текот на животот. Овие проблеми можат да се движат од болка, до комплетна парализа.
Честопати мора да им се направи операција на ’рбетот, а периодот на закрепнување е многу долг. Повторувам, имаат прекрасен карактер, но постои голема веројатност да останете со скршено срце“.
Шар-пеј
Веројатно очекувате дека повторно станува збор за куче со проблеми со здравјето.
„Постои болест наречена по овие кучиња – Шар-пеј треска. Некои имаат толку многу збрчкана кожа, што мора да им се прицврстат очните капаци за крзното да не им се трие од очите. Постојано имаат проблеми со кожата.
Имаат и многу мали и тесни уши канали. На ветеринар, често пробуваат да ги каснат вработените. Повеќето кучиња од оваа раса што сум ги видел имаат многу здравствени проблеми“.
Секое куче со „сплескано“ лице, како француски булдог
Проблемот кај овие кучиња е што имаат многу тешкотии со дишењето поради формата на нивната глава.
„Општеството го нормализира тоа што овие кучиња дишат гласно бидејќи имаат проблеми со дишењето. Некои раси можат да бидат поздрави од другите, но сите се склони кон многу проблеми: со ’рбетот, со кожата, со очите.
Фактот што половина од нив мораат да се породат со царски рез е доволна етичка причина да не сакам да купам вакво куче. Ако вам не ви пречи ова, во ред. Но, за мене лично, не е воопшто фер“.
Спирова С. | Црнобело