Запознајте го Mr. Happy Face - кучето што ја доби титулата „најгрдо куче на светот“
Победникот на натпреварот за најгрдо куче на светот, кој се одржа во Калифорнија, е Mr. Happy Face (Господин Среќно Лице). Неговата сопственичка го вдомила лани многу стар и болен и вели дека иако знаела за предизвиците, сакала да му даде љубов.
Со панк фризура и јазик кој виси надвор од устата, Mr. Happy Face (Господин Среќно Лице) е кучето кое е крунисано за најгрдо куче на светот.
Кучето од расата кинески гребен (chinese crested), старо 17 години, победи на натпреварот „World's Ugliest Dog Contest“, кој се одржа во Калифорнија.
Сопственичката на Mr. Happy Face, Џенеда Банели вели дека ѝ е гордост што ја добиле оваа титула.
Таа го посвоила миленикот од засолниште за кучиња во Аризона во август 2021 година.
За жал, се претпоставува дека Mr. Happy Face нема да живее уште долго затоа што е многу стар и со низа здравствени проблеми.
Неговата сопственичка вели дека знаела дека ќе се соочи со многу предизвици со неговото здравје кога го донела дома, но сепак сакала да му даде љубов и топол дом.
Запознајте го кучето што ја доби титулата „најгрдо куче на светот“:
С. С. | Црнобело