Чини неверојатни 2 милиони долари - запознајте го најскапото куче на светот (фото)

Ова куче е симбол на престиж и е резервирано исклучиво за оние со многу длабок џеб.

Zapoznajte-go-najskapoto-kuche-na-svetot-01.jpg

Златниот тибетски мастиф е симбол на престиж и се смета за најскапото куче во светот, а неговата цена се движи до неверојатни два милиони долари.

Рекордот за најскапо продадено куче на сите времиња го држи тибетскиот мастиф. Пред неколку години, златното кутре од расата тибетски мастиф беше продадено за неверојатни 1,9 милиони долари.

Кутрето имало една година, било високо 80 сантиметри и тешко дури 90 килограми, а го купил Кинез.

https://www.facebook.com/Wanvijit-P-1894914797212989/photos/pcb.2151016928269440/2151016848269448/

Многумина се прашуваат во што е тајната и зошто оваа раса на куче вреди толку многу.

Имено, се покажало дека тибетскиот мастиф е крајно лојален на својот сопственик до смрт.

Подготвен е да се соочи со сите ѕверови, а номадските племиња од Азија го користеле за лов и како чувар на овци од волци, леопарди, мечки.

Денес претставува редок вид на животно, па затоа и има статусен симбол.

Првиот тибетски мастиф, Сиринг, пристигнал во Европа во 1847 година како подарок за младата англиска кралица Викторија. Далај Лама му испратил две вакви кучиња како подарок на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер.

Тибетското куче има исклучително силна вилица, кафени очи со спуштени капаци, уши во облик на срце и многу силни гради.

Одлично поднесува студ, ужива во тренинзите и не е познато дека може да се разболи од некоја болест. Живее околу 15 години.

На ова куче му треба сериозна дресура бидејќи има силен карактер и е исклучително тврдоглав.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg