Раси на кучиња кои не лаат многу – совршени за оние кои не сакаат врева
Мопс и англиски булдог се раси на кучиња кои лаат многу ретко, па се совршени ако не сакате многу врева или живеете во стан и не сакате да ги вознемирувате соседите.
Ако имате доволно време да им се посветите, кучињата можат да бидат одлични миленици. Но, ако сакате куче, треба да се подготвите и за многу лаење, неретко среде ноќ.
Сепак, постојат неколку раси на кучиња кои се малку потивки од другите, па можеби ќе бидат подобар избор за вас ако ја сакате тишината.
Не треба да значи дека кучињата од овие раси никогаш нема да лаат бидејќи, сепак, секое куче си е различно. Но, помали се шансите да прават врева за разлика од некои други раси.
Кои раси на кучиња лаат помалку?
Басенџи
Овие кучиња не само што не лаат, туку и многу сакаат да си играат. Покрај тоа, одлични се со мали деца и покажуваат многу љубов.
Австралиски пастир
Оваа раса е вид овчарско куче, што значи е добар чувар. Австралискиот пастир лае само кога сака да го предупреди сопственикот за некаква опасност.
Исто така, овие кучиња се многу интелигентни и лесно се дресираат.
Акита
Овие кучиња се многу лојални и можат да бидат одлични чувари. Лесно се приврзуваат со сопствениците и лаат многу ретко – само кога сакаат да ви го привлечат вниманието.
Па, ова куче е одличен избор ако живеете во стан.
Шиба ину
И кучињата од расата шиба ину се одличен избор за оние кои не сакаат врева.
Овие кучиња се дружељубиви, брзо се адаптираат и обично не им е проблем ако имате и друго милениче.