Фото-доказ дека животните се мајстори за камуфлажа - ја гледате ли птицата на фотографијата?

Животните се експерти за тоа како да се скријат среде бел ден и да се „стопат“ со позадината. Така и оваа птица успешно се камуфлирала во дрвото, па ако не обрнете посебно внимание воопшто и нема да ја забележите.

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-01.jpg

Едсел Џејмс С. Батуигас од Барнаби, Канада успеал да ги направи фотографиите додека се шетал низ Британска Колумбија.

Фотографот патувал со автомобил цели пет часа за да стаса до местото каде го забележал големиот сив був, а вели дека сосема случајно го забележал.

„Планирав да најдам голем сив був тој ден. Возев низ шумскиот пат и барав големи сиви бувови, па затоа ги прегледував сите дрвја и се надевав дека ќе најдам еден во пладневните часови, кога обично се одмараат.

Тогаш сосема случајно забележав дека нешто се движи на дрвото и тогаш сфатив дека бувот итро се камуфлирал во стеблото. Ако не ме погледнеше, ќе го пропуштев“ – вели фотографот.

Го забележувате ли вие бувот на фотографиите?

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-02.jpg

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-03.jpg

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-04.jpg

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-05.jpg

Majstor-za-kamuflazza-mozete-li-da-ja-vidite-pticata-na-fotografijata-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg