Како кучето да престане да се лигави и „да ви ги брои залците“ додека јадете?

Нашите четириножни пријатели дефинитивно се стрвни по природа.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-5.jpg

Изгледа како вечно да се гладни, до таа мера што понекогаш нивното непрестанато лигавење и зјапање во нас додека јадеме, знае да создаде нервоза.

Па, наместо да се криете и да брзате да се најадете, работите може да ги промените и со овие навики:

1. Научете го кучето дека има строг режим и тајминг за јадење

Најголема грешка е да го храните кучето кога ќе стигнете, односно без ред и распоред. На тој начин често ќе биде гладно, а уште почесто и ќе се прејадува.

Научете го дека надвор од тој распоред – нема храна.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-1.jpg

2. Не му фрлајте храна додека јадете

Колку и да не можете да им одолеете на кучешките очи, не паѓајте на овој трик. Правите повеќе штета, отколку услуга на кучето.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-2.jpg

3. Отворено објаснете им и на блиските зошто не му фрлате храна на кучето

Колку и да инсистираат, натерајте ги да се придржуваат до редот и распоредот.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-3.jpg

4. Игнорирајте го кучето додека јадете

Да, звучи грубо, но тоа е реалноста. Во спротивно, со обрнувањето на внимание, го губите сопствениот мир. Кучињата сакаат дисциплина.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-4.jpg

5. Реагирајте идентично на проблемот

Ако во било која ситуација, кучето посегне по храна, мора да реагирате исто – со строг глас и говор на телото. Ако еднаш се смеете, еднаш се лутите, нема да постигнете ефект.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-5.jpg

6. Бирајте здрави грицки

Не е исто дали ќе му дадете парче пица или варен зеленчук на вашето кутре.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-6.jpg

7. Купете му забавна чинија за храна

Постојат чинии-лавиринти кои ќе му одземат многу повеќе време на вашето куче додека јаде, односно ќе му направат трик како да јаде подолго и да се чувствува посито.

kako-kucheto-da-prestane-da-se-ligavi-i-da-vi-gi-broi-zalcite-dodeka-jadete-7.jpg

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg