„Ова е злоупотреба“: Девојка од Калифорнија која му става вештачки нокти на кучето стана мета на онлајн критики
25-годишна девојка редовно му става вештачки нокти на своето куче од расата чивава. Луѓето ширум светот се згрозени од нејзиниот потег.
Марица Рубалкава (25) од Калифорнија има кученце од расата чивава. Коко има 5 години и, за жал, неговата сопственичка редовно му става вештачки нокти.
Марица, која работи како козметичар, вели дека минува и по 40 минути лепејќи му ги ноктите на своето куче.
„Коко е мое бебе и една ноќ со сопругот зборувавме дека би било слатко ако му ставам мали вештачки нокти, па така го направив тоа“, вели Марица која остро беше осудена од своите следбеници за оваа навика.
„Ова е чиста злоупотреба“, „Зарем е безбедно кучето да се движи со тие нокти?“, се само дел од осудувачките коментари.
Марица и нејзиниот миленик:
С. С. | Црнобело