Сакаат деца, не можат да пливаат - Интересни факти за француските булдози

Француските булдози се раса која никогаш не губи на популарност. На пример, веќе со години се меѓу најпопуларните раси во САД и во Европа.

nivnoto-poteklo-e-anglisko-interesni-fakti-za-francuskite-buldozi-01.jpg

Се работи за навистина интересна раса со многу специфични карактеристики и потекло, кое всушност не е ни француско.

Неколку факти за овие кучиња што веројатно не ги знаевте:

1. Француските булдози имаат англиски корени

Поради строго контролираното одгледување и размножување, точното потекло не може да се одреди, но откриено е дека постои тесна роднинска врска меѓу англискиот и францускиот булдог.

Во минатото, одгледувачите во Англија се обиделе да создадат помала верзија на популарниот булдог, вкрстувајќи го со териери, а подоцна одгледувачниците биле префрлени во Франција. Оттаму доаѓа и именувањето на расата.

2. Друштвени се

Француските булдози се пријателски настроена раса, ретко лаат, а добро се согласуваат и со луѓе и со други кучиња.

Исто така, не им е потребен ниту многу голем простор - одлично се снаоѓаат и во дворот и во домот.

nivnoto-poteklo-e-anglisko-interesni-fakti-za-francuskite-buldozi-03.jpg

3. Не знаат да пливаат

Иако најголемиот дел од расите знаат да пливаат, тоа не е случај со француските булдози.

Конструкцијата на телото не им дозволува да прават пливачки движења, па ако имате базен или ако одите на одмор со кучето, мора да бидете особено внимателни за да не се удави.

4. Не сакаат летање во авион

Нивните носни канали се многу пократки и често имаат проблеми со дишењето.

Расите кои имаат сплескано лице не сакаат летање со авион, поради промените во воздушниот притисок.

nivnoto-poteklo-e-anglisko-interesni-fakti-za-francuskite-buldozi-04.jpg

5. Одлично чуваат деца

Ако имате мало дете и француски булдог, можете да бидете сигурни дека кучето во истиот момент ќе му стане лојален чувар на детето. 

6. Чувствителни се на критики

Ако ги искарате, тие ќе бидат повредени и потиштени и може со денови да се кријат зад врати или други скришни места дома.

Од друга страна, позитивно реагираат на игра и на убави зборови.

nivnoto-poteklo-e-anglisko-interesni-fakti-za-francuskite-buldozi-02.jpg

7. Комуникативни се

Можеби не лаат многу, но поради тоа испуштаат интересни звуци кои им служат за комуникација со луѓето.

Немојте да се чудите ако вашиот француски булдог почне да имитира звуци на некоја песна или да „брбори“ кога разговарате.

8. Најчесто се раѓаат по пат на вештачко оплодување

Со оглед на тоа што се работи за хибридна раса, многу е важно да се запази размножувањето. Исто така, поради формата на телото, природното размножување често е невозможно, па одгледувачниците изведуваат инсеминации.

Дури и раѓањето е со присуство на доктори или со царски рез.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg