Вакви другарчиња не сте виделе! Ќе се стопите од нивната приказна (видео)
Можеби ви звучи незамисливо, но кучето Нимбус и малото еже Поки се најдобри пријателчиња. Живеат заедно и се дружат. Иако на Нимбус му требало време на почетокот да сфати дека Поки е другарче, а не храна за јадење, сега навистина уживаат додека си играат.
Вака некако изгледало нивното запознавање:
Нимбус: Здраво, Поки. Сакаш да бидеме другарчиња?
Поки: Па, не. Јас ќе си играм со картонскава ролна. Уф, пак се заглавив... Ок, сакам да ти бидам другарче.
Нимбус: Слатко.
Поки: Ајде да си играме криенка!
Нимбус: Те најдов!
Поки: Време е за галење. Добивме храна. Ја изедовме и сакаме уште. Да не го заборавиме десертот.
Повторно галење и уживање. Веќе сум уморен. Добра ноќ!
Ова видео ќе го гледате одново и одново, нема да може да им одолеете!