Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Природни лекови со кои може да го излечите вашето куче

Иако вообичаено оние кои имаат домашни миленици не сакаат многу да експериментираат со домашно лекување туку веднаш трчаат на ветеринар.

prirodni-lekovi-so-koi-moze-da-go-izlecite-vaseto-kuce-01

Сепак постојат некои домашни производи кои може сами да ги приготвите и да му помогнете на вашето куче, до колку не е нешто сериозно.

1. Сок од лимон за лошиот здив
Лошиот здив кај кучето може да го отстраните приготвувајќи мешавина од лимон, морков и нане. Ако не сака да го пие како течност, тогаш може да ја замрзнете, па подоцна да му ја послужите како коцки мраз.

2. Ѓумбир за мачнини при возење
Повеќето кучиња имаат мачнини при возењето во автомобил, а решението е ѓумбир кој може да го додадете во некое солено јадење кое му го давате.

3. Тиква за запек и дијареја
Доколку вашето куче има запек или дијареја, препорачливо е да додадете малку тиква во неговата храна.

4. Алое вера за мали расекувања
Алое верата може да се користи за лечење мали гребаници, расекувања или изгореници. Само ставете ја на местото исто како што се става и на човечката кожа.

5. Јогурт против гасови
Јогуртот може да биде најдобро решение за гасовите на вашето куче. Количината на јогуртот зависи од големината на кучето.

6. Камилица за убоди
Со камилица и чист алкохол може да ги излечите убодите од инсекти на вашето куче или гризнати места од други кучиња.

7. Капење против вошки
Десетминутно капење може да му помогне на вашето куче да се ослободи од вошките. Топлата купка може да му овозможи смирувачко дејство.

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg