Како да го разладите миленикот во лето?

Високите летни температури тешко ги поднесуваме со малку облека на нас, а замислете си како му е на вашето кутре со толку крзно на себе. За да им помогнете и да им го олесните летото, еве неколку совети како и тие да уживаат исто колку и вие.

kako-da-go-razladite-milenikot-vo-leto-01

Храна

Замрзнете говедска или пилешка супа во садот за мраз. Кога ќе се заледи, неколку коцки ставете во секоја порција на вашиот миленик. Освен тоа што ќе се разлади, неговиот оброк ќе биде уште повкусен.

Доколку вашиот миленик се доведе до мрзливост и млитавост од топлината, обидете се да го решите тој проблем со кашички за нега. Згмечете две банани, помешајте ги со четири лажици јогурт и додајте малку сечкано нане за да го освежите здивот на вашиот миленик. Смесата замрзнете ја и наградувајте го доброто однесување со ова слатко ледено задоволство.

kako-da-go-razladite-milenikot-vo-leto-02

Редовно шишање

Во летните денови посебно важно е да се грижите за нивниот надворешен изглед. Никако не го шишајте вашиот миленик до гола кожа, бидејќи влакната го штитат од сонцето. Практикувајте шишање еднаш во месецот, доволно за да го освежите и да го спречите создавањето на заплеткани влакна.

Надворешно разладување

Можеби кучињата не сакаат вода, но ако внимателно ги намокрите нивните нозе и главата во пределот зад ушите, може да уживаат во тоа.

Уште еден супер начин за разладување е мокрото крпче како играчка. Фрлајте го, натерајте го да ви го врати и дозволете му да се забавува и разладува истовремено.

kako-da-go-razladite-milenikot-vo-leto-03

Би можело да ве интересира:

Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg