Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни)

Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни за луѓето – кои се најпопуларните митови за животните кои се всушност лага?

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-01.jpg

Низ годините сме научиле многу работи за животните. Но, бидејќи во детството немавме интернет, а со тоа и можност да ја провериме точноста на фактите што ни ги кажувале, голем дел од нас всушност веруваат во митови.

Дел од најчестите митови за животните и вистината нив:

Мит 1: Мачките секогаш „слетуваат“ на нозе

Ова е погрешно. Мачките имаат неверојатни рефлекси и се мошне подвижни, но некогаш и тие прават грешки.

Притоа, рефлексот за „слетување“ на нозе не е подеднакво развиен кај сите и не сите мачки се исто флексибилни.

Во повеќето случаи, тие дефинитивно паѓаат на нозе, но секогаш има и исклучоци.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-02.jpg

Мит 2: Старите кучиња не можат да се дресираат

И ова е само уште еден мит.

Без разлика на возраста, секое куче може да биде дресирано. Но, секако, постои разлика помеѓу стари и млади кучиња.

Старите кучиња не се многу подвижни, а и не се многу заинтересирани за физичка активност. Па, затоа може да делува дека не може да дресираат или дресирањето да оди побавно.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-03.jpg

Мит 3: Камилите ја складираат водата во грпките

Веројатно не постои дете кое не го слушнало овој мит, но не е воопшто точен.

Способноста за задржување вода им помагана камилите да преживеат во екстремните услови на пустините.

Но, оваа вода не ја задржуваат во грпките, туку во нивниот крвоток.

Грпките, од другата страна, им се како склад за енергија бидејќи се полни со масти.

Тие можат да ги користат мастите од грпките кога не можат да најдат храна, а ова ги прави уште поиздржливи на условите во пустината.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-04.jpg

Мит 4: Златните рипки имаат меморија од три секунди

Ова е мит кој постои навистина многу долго и не е познато од каде потекнува.

Во реалноста, рибите имаат релативно добра меморија, вклучувајќи ги и златните рипки.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni11.jpg

Мит 5: Ајкулите убиваат најмногу луѓе

Можеби почесто слушаме за напади од ајкули бидејќи ни се чинат пострашни. Но, ајкулите не се најсмртоносните животни за луѓето.

Во периодот од 2018 до 2022 година, во просек имало по 63 напади годишно од ајкули.

Од друга страна, колку и да звучи чудно, комарците се одговорни за смртта на над половина милион луѓе годишно поради болестите што ги пренесуваат.

Змиите, пак, во просек убиваат повеќе од 30.000 луѓе.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg