Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни)

Мит 6: Бувовите можат да ја завртат главата за речиси 360 степени

Бувовите навистина изгледаат како да можат да ја завртат главата за 360 степени.

Но, ако обрнете внимание, ќе забележите дека тие не можат да направат скоро цел круг.

Бувовите можат да ја завртат главата за 270 степени.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-06.jpg

Мит 7: Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат

Неретко во цртаните гледаме како некој камелеон целосно се вклопува во опкружувањето бидејќи си ја менува бојата.

Во реалноста, камелеоните не можат свесно да ја менуваат бојата на кожата.

Интересно е што не е познато зошто точно го прават ова, но се верува дека некогаш бојата им се менува во зависност од расположението или од други фактори, како температурата на воздухот.

Забележано е и дека камелеоните ја менуваат бојата кога се подготвени за парење или кога покажуваат доминантност или потчинетост.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-07.jpg

Мит 8: Во секоја глутница волци има алфа мажјак

Ова е еден од најпопуларните митови поврзани со животните и е толку познат, што некои дури и го користат терминот „алфа мажјак“ за да опишат доминантен маж.

Но, глутниците не се водени од алфа мажјаци, туку, според биолозите, повеќето глутници се всушност семејство волци.

Односно, има мажјак, женка и нивните потомци, па во глутницата нема борба помеѓу двајца мажјаци за превласт.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-08.jpg

Мит 9: Мачките предат само кога се среќни

Интересно е што предењето е карактеристика на мачките за која се знае многу малку.

Точно е дека тие предат кога се среќни и кога сакаат да се галат.

Но, мачките можат да предат и кога се нервозни или кога имаат малечки и пробуваат да ги смират.

Некогаш мачките предат и кога се исплашени, кога сакаат нешто, па дури и кога се чувствуваат болно.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-09.jpg

Мит 10: Желките не чувствуваат болка на оклопот

Желките се фасцинантни суштества и повеќето забораваме дека нивните оклопи се всушност дел од нивното тело.

Што значи, желките дефинитивно чувствуваат болка и на него.

Оклопот на желките е поврзан со нивниот нервен систем и тие можат да чувствуваат кога ги допирате.

kamilite-ja-skladiraat-voda-vo-grpkite-popularni-mitovi-za-zhivotnite-koi-ne-se-tochni-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg