„Морско чудовиште“ е хит на социјалните мрежи – За какво животно се работи и дали е опасно? (видео)

„Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако еден балкански твитерџија одлучи да сподели видео од ретко морско животно. Малкумина знаат дека станува збор за еден од најретките октоподи во светот.

morsko-chudovishte-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-za-kakvo-zhivotno-se-raboti-video-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се споделува видео на кое се гледа мошне чудно морско животно, кое делува по малку застрашувачки. Еден од балканските твитерџии одлучи да се пошегува, па го објави видеото и над него напиша:

„Веќе не одам на море“.

Тој доби голем број коментари од луѓе што се изненадени и се прашуваат какво е тоа „чудовиште“ што било снимено како плива во близина на морскиот брег.

Одговорите што ги доби се најразлични, некои коментираат дека станува збор за „морско чудовиште“, други дека е за некој нов вид морско животно кое настанало како последица на радијацијата од Фукушима, а трети, пак, тврдат дека е лигња или октопод.

morsko-chudovishte-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-za-kakvo-zhivotno-se-raboti-video-02.jpg

Иако не се знае каде точно е снимено видеото, познавачите на морскиот свет се сигурни дека станува збор за реткиот вид шарен октопод, попознат како октопод-ќебе (Blanket octopus).

Ова се мошне ретки морски видови и само мал број луѓе можат да се пофалат дека имале можност да ги видат во живо.

Живеат во суптропските и тропските океани (околу Јужна и Централна Америка, околу двата брега на Африка, Индија, Јапонија, Австралија).

morsko-chudovishte-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-za-kakvo-zhivotno-se-raboti-video-03.jpg

Најчесто опстојуваат помеѓу коралните брегови, а познато е дека се номади и на неколку дена се селат од едно на друго место.

Најинтересно е што овие октоподи имаат посебен начин на ловење, па помалите риби ги ловат со помош на пипало откинато од отровна медуза.

morsko-chudovishte-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-za-kakvo-zhivotno-se-raboti-video-04.jpg

Уште еден интересен податок за нив е што мажјаците и женките важат за еден од најнеусогласените парови во морскиот свет.

Мажјаците се со големина на еден орев, со големина од околу 1,4 сантиметри, додека женките може да достигнат должина од околу 2 метри.

morsko-chudovishte-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-za-kakvo-zhivotno-se-raboti-video-05.jpg

Се верува дека ваквата огромна разлика се должи на тоа што мажјаците се сконцентрирани само на наоѓање женки, а не на растење.

@marine.bio.john

#stitch with @The Oracle #marinebiojohn #marinebiology #octopus #manowar #sciencetok

♬ original sound - Marine Bio John

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
8 раси на кучиња што НЕ се погодни за почетници Кучињата од расата кане корсо се големи и моќни, па потребни им се искусни сопст...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg