8 раси на кучиња што НЕ се погодни за почетници

Кучињата од расата кане корсо се големи и моќни, па потребни им се искусни сопственици кои ќе можат да ги истренираат соодветно.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-01.jpg

Кучињата се одлични миленици, но ако првпат размислувате да вдомите, мора да имате предвид некои работи.

Најпрво, кучињата си бараат грижа и време кои мора да им ги посветите.

Исто така, треба да знаете дека некои раси се покомплицирани за одгледување и бараат соодветно дресирање уште од најрана возраст, што значи не се воопшто погодни за почетници.

Осум раси кои е најдобро да ги избегнувате ако досега не сте чувале куче:

Кане корсо

Овие кучиња се големи и моќни, но и заштитнички настроени.

Мора да имате искуство со кучиња за да можете правилно да ги дресирате бидејќи обично се и своеглави.

Важно е да бидат социјализирани уште на почетокот, но и бараат повеќе внимание од сопствениците.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-02.JPG

Германски овчар

Германските овчари се енергични, интелигентни и лојални кучиња.

За да бидат среќни, потребна им е физичка и ментална стимулација која почетниците не би можеле да им ја дадат.

Без соодветна дресура и можност да ја истрошат енергијата можат да станат и депресивни.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-03.JPG

Бигл

Иако кучињата од расата бигл се мали, сепак не се погодни за почетници.

Имаат многу енергија и треба да бидат ментално стимулирани, а бидејќи се љубопитни, не можете да ги оставите без надзор ако немаат соодветна дресура.

Исто така, склони се и кон некои здраствени проблеми.

Ако не обрнувате посебно внимание на исхраната и физичката активност можат да се здебелат, а секогаш постои и ризик да им се јави инфекција во областа на ушите.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-04.JPG

Сент бернард

Најпрво, ова е раса што бара многу простор бидејќи кучињата се огромни – можат да тежат и до 80 килограми.

Многу силни, па ако немате искуство со кучиња, не е препорачливо да се грижите за сент бернард.

Иако се познати по нежната природа, сепак бараат грижа од искусен сопственик кој ќе им го даде соодветниот тренинг и ќе ги социјализира.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg