Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче?
Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоуверено, како и дека лесно се адаптира на промени.
Разните положби во коишто спијат кучињата откриваат многу за нивното расположение, но и нивната здравствена состојба.
Но, знаевте ли дека омилената положба на спиење може да открие и детали за нивниот карактер?
Што открива омилената положба на вашето куче?
На страна
Ако кучето најчесто спие вака, тоа значи дека се чувствува мошне удобно и безбедно во неговото опкружување.
Притоа, не бара преголема грижа.
Иако можеби изгледа како постојано да набљудува некоја потенцијална опасност кога е будно, тоа сепак се чувствува безбедно и потполно ви верува.
Кучињата кои спијат во оваа положба се многу лојални.
Стуткано
Ова е една од почестите положби на спиење кај кучињата.
На овој начин, тие се топлат и ги штитат стомакот и виталните органи.
Кучињата кои спијат во оваа положба се нежни, весели и, генерално, сакаат луѓе.
Со испружени нозе
Многу кучиња спијат на стомак, а ова е дефинитивно најслатката поза - со испружените нозе, изгледаат како Супермен.
Кога се легнати во оваа положба, кучињата можат многу брзо да станат ако ги викнете.
Што значи, ако вашето куче преферира да спие на овој начин, тогаш е многу енергично и сака да си игра.
Со кренати нозе
Иако оваа положба изгледа малку чудно, не треба да ве загрижува.
Положбата значи дека кучето е самоуверено и дека се чувствува безбедно.
Кучињата кои спијат на овој начин обично се мошне опуштени и се понезависни.
На стомак
Во оваа положба, кучето лежи на стомак, а испружени му се само задните нозе.
Кучињата кои често спијат на овој начин се нежни и енергични.
Но, по малку се и срамежливи, па треба да се потрудите ако сакате да си играте со нив.
Со задни кренати нозе
Со оваа положба, кучињата лесно се разладуваат.
Истовремено, кучињата кои често спијат вака се многу среќни, но и самоуверени.
Притоа, лесно се адаптираат на промени.
Спирова С. | Црнобело