Жена од Англија чува 4 џиновски зајаци, од кои најстариот има 9 години (фото)
„Си играм со зајаците како да се кучиња, тие сакаат интеракција со луѓе, а и покрај големината, доста добро се однесуваат…“, вели Џема Мид (39) од Англија.
Џема Мид (39) од Велика Британија чува 4 зајаци, од кои најстариот зајак Челзи ѝ има 9 години и тежи повеќе од 4 килограми.
Го има и Гарфилд (4) кој има 6 килограми и 2-годишните Ема и Капетан Хук, кои се по околу 10 килограми.
Џема вели дека на зајаците им е потребен многу простор за да си играат, па така два од нив живеат внатре во куќата на Ема, а два во дворот.
https://www.instagram.com/p/CkoERqpNStR/
„Си играм со зајаците како да се кучиња, тие сакаат интеракција со луѓе, а и покрај големината, доста добро се однесуваат. Ако чувате зајаци, уште како мали спојувајте ги со други луѓе за потоа да не бидат територијално заштитнички поставени кон вашиот дом. Нека се учат на посетители.“
Како изгледаат милениците на Џемa:
С. С. | Црнобело