Од каде доаѓаме и каде одиме? Со ова прашање се занимавале филозофите, писателите и научниците, но се чини дека одговорот сè уште не постои. Во различни места и во различни периоди ова прашање не го изгуби интензитетот и важноста. Феноменот на смртта и морталитетот на човекот постоел и во древните и во модерните општества; всушност, ниту една култура или религија не останаа рамнодушна на ова прашање. Односот кон смртта, како во минатото така и во модерното време, во голема мера го определува односот кон животот, како и на природата на човечкото суштество како целина.