Чекање ред, култура, став кон ладно време: Едноставни и генијални работи кои може да ги научиме од Британците
Кога ќе помислиме на Британија, помислуваме на магла, дожд и кралското семејство, но всушност британскиот народ има многу повеќе да понуди.
Британците се полни со изненадувања за странците, и иако ги замислуваме само како ладни луѓе, сепак има многу што да научиме од нив.
Британците кријат многу квалитети и корисни работи кај себе, а во продолжение го откриваме нивниот карактер.
Работи кои се корисни да ги научиме од Британците:
Став кон ладното време
Британците не се оптоваруваат со топла зимска облека – тие се облечени тенко дури и во зимските месеци, посебно, ако се во земјите каде е потопло за неколку степени.
Родителите не паничат за децата да бидат облечени со премногу парчиња облека, а во кралското семејство е сосема нормално тие да носат шорцеви во секое годишно време, а децата сепак се здрави.
Во Њукасл пак, девојките се посебен случај, бидејќи може да се забележат во мини фустани и сандали дури и на снег.
Риба и компир
Ова е најпопуларната брза храна во Англија – можеби не е совршен избор, но ако мора да се бира помеѓу хамбургер и риба – ова е подобар избор за брза храна.
Чај
Британците се нација која обожава чај,а секојдневното пиење чај има огромни бенефити, па време е да стекнеме некоја добра навика.
Љубов кон животни и природа
Кај Британците, животните го добиваат истиот третман како децата – тие се сакани, се грижат за нив и се троши значителен дел од буџетот за нивно одржување и опстојување.
Таму речиси нема бездомни мачки и кучиња, благодарение на традициите, како и здружението за заштита на животни.
Локалците се грижат и за птици, верверички, патки, лебеди и ги хранат каде и да ги сретнат.
Британците ја сакаат и природата, уживаат во многубројните зелени паркови и градини и се грижат за неа.