Добивате 9.000 евра и дестинација која инстаграмџиите ќе ја одберат - Тргнувате на патување?
Од 6 до 11 седмици комплетно платен одмор, звучи добро зарем не? Која е „негативната“ страна на оваа работа од соништата?
Aко патувањето низ светот и прикачувањето на фотографии од авантурите ви звучи како забавна активност, тогаш тур операторот Busabout ви ја нуди работата од соништата.
Оваа компанија вработува 6 луѓе на кои ќе им ги плати сите трошоци за патување претстојното лето, кое ќе трае од 6 до 11 седмици. Буџетот за секој „вработен“ е околу 9.000 евра.
Избраните кандидати ќе треба да прикачуваат фотографии од патувањата на социјалните мрежи на Busabout.
Проектот се нарекува „The Great Travel Experiment“, а интересно е што дестинацијата за патување на учесниците, како и сите активности притоа, ќе ги гласа Инстаграм публиката. Таа ќе им кажува дали треба да одат на рафтинг или да голтнат некој инсект.
За тоа ќе се одлучува преку Инстаграм анкети.
6-те луѓе ќе патуваат во парови, па двајца ќе одат во Азија, двајца во Европа и двајца во САД.
С. С. | Црнобело