Исповеди на луѓе: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“
„Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи суми за луѓе – некому ќе платам операција на пример и ќе бидам неговото ‘чудо’“.
Како би живееле ако имате многу пари? Кој е првиот сон што ќе си го исполните?
Луѓе на Редит одговараат на темата: „Што ќе направите со парите ако станете многу богати?“
Исповеди на луѓе на темата: „Што ќе направам со парите ако станам многу богат/а?“:
„Ќе ги разгалувам пријателите и роднините. На пример ќе ги носам на вечери и јас ќе ја плаќам сам целата сметка“.
„Ќе си најмам помошничка во домот која ќе ги прави работите што јас ги мразам – како чистење и пазарење“.
„Ќе престојувам во најлуксузни хотели и ресорти. Нема да жалам пари на тоа“.
„Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи суми за луѓе – некому ќе платам операција на пример и ќе бидам неговото ‘чудо’“.
„Ќе си инвестирам во разни видови на хоби, ќе научам да летам, да нуркам, да готвам француски јадења итн.“.
„Ќе патувам за сите можни места на кои посакувам, а не сум бил поради недостигот од пари“.
„Ќе одам 2 пати неделно на масажа и на разни третмани за нега“.
„Ќе си земам личен готвач, за секој оброк да ми биде вистинско доживување и никогаш повеќе да не размислувам што да јадам“.
„Би си купил приватен авион, за да не чекам редици на аеродром“.
„Ќе си купувам работи, без воопшто да ја гледам цената“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com