Познати историски личности кои можеби никогаш не постоеле
Во модерната ера на технологијата можеме многу лесно да ги провериме речиси сите информации и биографии поврзани со познатите личности. Историјата на човештвото ни е достапна на сите интернет пребарувачи, но ова не било случај секогаш.
Факти и информации поврзани со одредени историски личности не биле запишани со години, а понекогаш децении или векови. Имајќи го предвид овој временски период, доказите за постоењето на одредените личности можеби се целосно уништени, па дури и измислени.
Самите легенди можеби имаат мала сличност со она што всушност се случило. Некои познати личности, за кои сме слушнале, можеби воопшто не постоеле, барем не во нивната популарна форма по која ги знаеме.
Мулан
Кога Дизни ја претстави легендата за Мулан, таа веќе беше позната во кинеската литература. Приказната за ќерката на воинот која се облекувала како маж и се борела наместо нејзиниот болен татко е безвременска. Но дали Мулан навистина постоела?
Во книгата за жените во кинеската историја се споменува дека Мулан можеби била делумно базирана на Веи Хуаху, вистинската жена воин од античката Кина. Сепак, не е познато дали Хуаху некогаш се борела во машка облека. Најраната позната референца за неа се наоѓа во античката балада „Битката на Мулан“. Но во песната не е прецизирано кога живеела и како се борела.
Вилијам Шекспир
Сигурно големиот Вилијам Шекспир бил реален, нели? Многу луѓе се убедени дека Вилијам Шекспир е само псевдоним на непознат автор. Навистина постоел човек по име Вилијам Шекспир, но за него се знае малку, а во неговиот тестамент не се споменуваат ниту драми ниту сонети. Тогаш кој е „вистинскиот“ Шекспир?
Постои уште една теорија за идентитетот на Шекспир наречена Едвард де Вер. Според оваа теорија, Вер користел псевдоним, бидејќи не сакал, како благородник, да биде поврзан со ниска уметност како драматургија. По неговата смрт, неговите ученици ги издале неговите драми под име Вилијам Шекспир.
Хомер
Хомер е грчки поет кој ги напишал митолошките епови Илијада и Одисеја. И покрај популарноста и важноста на овие епови, нивниот автор останува обвиткан во мистерија. Хомер речиси сигурно не бил основоположник на овие приказни, тој едноставно бил првиот што ги запишал.
Што се однесува до самиот поет, некои луѓе велат дека Хомер бил слеп, додека барем еден автор тврди дека Хомер бил всушност жена. Некои историчари сметаат дека Хомер не бил една личност, туку група луѓе.
Кралот Артур
За британскиот крал се вели дека го поседуваше мечот Екскалибур и дека го пронајде Светиот грал. Овие фантастични приказни се дел од фолклорот, но дали легендата за кралот Артур била заснована според вистинска личност?
Првите приказни за Артур се појавуваат во 9-от век, а во нив се зборува за неговата борба против саксонската војска. Доколку постоел, веројатно живеел во тоа време. Некои историчари пак велат дека се работи за римски воен командант наречен Луциус Арториус Кастус.
Питагора
Сè што знаеме за Питагора доаѓа од надворешните извори, како неговите следбеници познати како Питагоријанци. Постои дури и сомнеж дека неговите математички откритија не дошле од него или од неговите следбеници. Многу истражувачи сметаат дека Питагора бил измислена позната личност поради недостаток на неговите дела.
Ашера | Црнобело