Топ 5 работи на кои богатите трошат најмногу пари

Повеќе не е тренд парите да се покажат, туку да се скријат. Фалењето со скапи материјални работи е АУТ, фалењето со здрав животен стил е ИН.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-01.jpg

Богатите луѓе сè помалку инвестираат во материјални работи, а сè повеќе во животен стил и навики.

Louis Vuitton чантите сега се заменети инвестирањето во здравиот начин на живот, а скапите автомобили со добра едукација.

Топ 5 работи во кои инвестираат богатите:

Едукација

Доброто образование е основа за искачување на социјалната скала и остварување на контакти за успешна иднина.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-03.jpg

Здрав начин на живот

Здрав режим на исхрана, редовни тренинзи, купување на органска храна, консумирање на 100% природни џусеви, масажи и третмани се работите на кои богатите не штедат.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-04.jpg

Патувања

Тие инвестираат многу во патувања и тоа не само во типичните одмори, туку и по бегства од сè, кои траат и по еден месец, за да ги наполнат батериите. Од екстремни авантури во дивина до престој во луксузни одморалишта, изборот е различен.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-05.jpg

Сигурност и приватност

Наместо во инвестирање што повеќе да го прикажат богатството, тие сè повеќе инвестираат да останат сокриени од радарот. Од тргање на нивните домови од мапите до ангажирање архитекти за градење на куќи дури и под земја, кои чинат стотици илјади евра. Тие инвестираат и во програми за обезбедување, како и персонал.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-06.jpg

Ексклузивност и работи по мерка

Тие не сакаат какво било искуство, туку сакаат нешто уникатно и персонализирано. На пример на патувањата некогаш ангажираат коктел мајстор кој специјално за нив во собата ќе меша пијалаци. За нив најпосакувано нешто не е она кое е најскапо, туку она кое не секој може да го има.

top-5-raboti-na-koi-bogatite-troshat-najmnogu-pari-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg