Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Час по трпение - Како да го контролирате гневот?

Лутината е нормално чувство и може да се перцепира како позитивна емоција кога ви помага да ги решите проблемите, без разлика дали тоа е на работа или дома.

Cas po trpenie kako da go komtrolirate gnevot 01

Сепак, лутината почесто е проблематична и доведува до агресија, неконтролирани испади и други манифестации.

Како и за сè останато во животот, контролата на гневот е многу важна за да избегнете да направите нешто за кое подоцна (или цел живот) ќе жалите.

Пред лутината да ескалира, присетете се на овие 11 начини за контрола на гневот:

Бројте до 10

Ако сте навистина гневни, веројатно е попаметно да броите до 100. Додека броите вашиот пулс ќе се забави, а со тоа и гневот ќе исчезне.

Земете воздух

Вашето дишење станува поплитко и забрзува додека расте лутината. Сопрете го ефектот со длабоко и бавно вдишување низ носот, и издишување со устата неколку минути.

Прошетајте

Вежбањето може да ги смири нервите и да го намали гневот. Појдете на прошетка, возете велосипед… Сè што го движи вашето тело е добро и за вашиот ум.

Повторувајте позитивни афирмации

Најдете збор или фраза што ви помага да се смирите и да се рефокусирате. Повторувајте го тој збор или фраза во себе повторно и повторно кога сте вознемирени.

Визуелизирајте

Седнете во тивка просторија, затворете ги очите и визуелизирајте релаксирачка сцена. Фокусирајте се на деталите - Која боја е водата? Колку се планините? Како звучат птиците? Оваа практика може да ви помогне да се смирите среде гнев.

Пуштете музика

Нека музиката ве оддалечи од вашите чувства. Ставете ги слушалките или појачајте ги звучниците и потпевнувајќи истерајте го гневот.

Престанете да зборувате

Кога сте нервозни, зборовите неретко сами излетуваат од устата и поголема е веројатноста дека ќе направите штета отколку добро. Замислете дека устата ви е запечатена, за да си дадете време да ги сосредоточите сопствените мисли.

Впуштете се во акција

Направете нешто добро за некој друг. Истурете ја вашата енергија и емоции во нешто што е здраво и продуктивно. Канализирајте го гневот во позитивна активност.

Пишувајте

Она што не можете да го кажете, можеби можете да го напишете. Преработувањето на мислите преку пишаниот збор може да ви помогне да се смирите и да ги преиспитате настаните што ве довеле до овие чувства.

Разговарајте со пријател

Помогнете си да го процесирате настанот преку разговор со некој кому може да се доверите. Некој кој е секогаш пријателски раположен и може да обезбеди нова перспектива на гледање на нештата.

Вежбајте благодарност

За момент фокусирајте се на она што е исправно и добро кога се чини дека се е погрешно. Согледувајќи колку добри работи имате во вашиот живот ќе го неутрализирате гневот и ќе ја пренасочите ситуацијата.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg