Тајната на задгробниот живот, од каде доаѓаме и каде одиме?

Од каде доаѓаме и каде одиме? Со ова прашање се занимавале филозофите, писателите и научниците, но се чини дека одговорот сè уште не постои.

Tajnata na zadgrobniot zivot od kade doagame i kade odime 01

Во различни места и во различни периоди ова прашање не го изгуби интензитетот и важноста. Феноменот на смртта и морталитетот на човекот постоел и во древните и во модерните општества; всушност, ниту една култура или религија не останаа рамнодушна на ова прашање. Односот кон смртта, како во минатото така и во модерното време, во голема мера го определува односот кон животот, како и на природата на човечкото суштество како целина.

Од каде доаѓаме и каде одиме? Со ова прашање се занимавале филозофите, писателите и научниците, но се чини дека одговорот сè уште не постои. Феноменот на смртта и морталитетот на човекот постоел и во древните и во модерните општества; всушност, ниту една култура или религија не останала рамнодушна на ова прашање.

Односот кон смртта, како во минатото така и во модерното време, во голема мера го определува односот кон животот, како и на природата на човечкото суштество како целина.

Според таков светоглед, човекот не е само тело подложно на минливост, туку е составен од душа и дух. Иако е очигледно дека неговото тело умира, смртта не го означува крајот на неговото постоење, туку само начинот на постоењето.

Ваквиот светоглед е познат и во египетските книги на мртвите. Земниот живот е само подготовка за повисокиот, задгробниот живот. Старите Грци не го користеле терминот „умирање“, туку „metallasein ton bion“, што значи менување на животот.

Tajnata na zadgrobniot zivot od kade doagame i kade odime 02

Исто така, не треба да се заборави на монотеистичките религии како јудаизам, христијанство и ислам и нивниот однос кон задгробниот живот кој е експлицитно афирмативен.

Но очигледно е дека човечките преокупации се менувале со текот на времето. Поради желба да се живее што е можно поудобно и поради стравот од смртта, самата смрт стана табу.

Човекот, без оглед на сите негови можности, аспирации и желби, не може да ја спречи минливоста. Но ова не значи дека поради тоа треба да го занемариме физичкото постоење. Невозможно е она што е минливо во својата природа да биде вечно. Според будизмот, тука се наоѓа изворот на сите страдања, а секое страдање доаѓа од незнаење.

Tajnata na zadgrobniot zivot od kade doagame i kade odime 03

Прашањето за смислата на смртта е поврзано со прашањето за значењето на животот. Старите филозофи сметале дека постојат два моменти во човечкиот живот кои се клучни и критични: моментот на раѓање и моментот на смртта.

Во моментот кога ќе се родиме започнува човечката драма, која завршува во моментот на смртта. Затоа се важни две вештини кои се поврзани: вештина на живеење и вештина на умирање.

Во старите времиња се сметало дека филозофијата треба да го научи човекот како да живее праведно и смислено. Покрај тоа, и смртта требала да биде смислена. Како и животот, смртта може да биде значајна или безначајна и залудна.

Можеби човекот полесно ќе и се адаптира на смртта, доколку го адаптира животот на важните работи. Можеби животот и смртта имаат заеднички цели кои современиот човек допрва треба да ги открие.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg