Maж испрати брутална листа до жена како да се подобри, 3 месеци по првиот состанок

Мислам дека треба да носиш облека што ѝ прилега на твојата фигура подобро и можеби малку да го модернизираш стилот за да не се срамам кога ќе ме видат со тебе.

mazh-isprati-brutalna-lista-do-zhena-kako-da-se-podobri-3-meseci-po-prviot-sostanok-01.jpg

Кимберли Латхам-Хaвкесфорд била на состанок со еден маж пред 3 месеци и не слушнала ништо од него оттогаш. По испиеното кафе не очекувала ништо сè додека пред некое време не ѝ стигнала порака од него.

Тој прво се извинил што го немало, а потоа ѝ испратил на Кимберли листа од 15 работи како да се подобри.

Ви пренесуваме дел од листата:

Чувствувам дека ќе можеше состанокот да мине подобро ако...

- Изгубиш килограми, ќе изгледаш неверојатно.

- Многу си бледа, па малку сончање или лажен тен нема да штети.

- Имаш големи гради, па може да го покажеш деколтето малку повеќе.

- Мислам дека треба да носиш облека што ѝ прилега на твојата фигура подобро и можеби малку да го модернизираш стилот за да не се срамам кога ќе ме видат со тебе.

- Треба да ја бојадисаш косата во нормална боја и да ставиш екстензии. Долгата коса е попривлечна.

- Мора да изгледаш поприродно, да престанеш да ставаш шминка. Нашминкај се пристојно, не претерувај.

mazh-isprati-brutalna-lista-do-zhena-kako-da-se-podobri-3-meseci-po-prviot-sostanok-02.jpg

- Твоите усни некако се спуштени надолу, размисли да ставиш филери повторно. Знам дека рече дека се каеш за филерите, но ќе направат да изгледаш посекси.

- Мора да бидеш посамоуверена затоа што самодовербата е секси.

- Треба да го сведеш кажувањето на детали од минатото на минимум. Не ми е грижа низ што си поминала.

- Подобри си ја смислата за хумор, не се насмеа на ниту една моја шега.

Оваа хорор листа има уште потточки, но е доволно за да сфатите со каков маж Кимберли излегла на состанок. Тој од една страна ѝ вели да изгледа поприродно, а од друга да стави екстензии.

Вистината е дека Кимберли е совршена таква каква што е, а тој самиот не знае што сака во животот.

mazh-isprati-brutalna-lista-do-zhena-kako-da-se-podobri-3-meseci-po-prviot-sostanok-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Фото-докази дека луѓето во минатото имале многу подобар моден стил Жени во елегантни фустани и нежен накит, мажи во костуми – луѓето во минатото на...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg