Сакаат комплименти, да озборуваат и природна убавина: 10 работи кои мажите не ги споделуваат за себе

Помеѓу мажите и жените постојат многу разлики, но некогаш и мажите прават работи кои умешно ги кријат од жените.

sakaat-komplimenti-da-ozboruvaat-i-prirodna-ubavina-10-raboti-koi-mazhite-ne-gi-spodeluvaat-za-sebe-01.jpg

Кога би знаеле на кои работи размислуваат и мажите и што прават скришно, можеби ќе сфатите дека всушност има многу заеднички работи помеѓу машкиот и женскиот пол.

Неколку мажи решиле да ги отворат картите за себе и да откријат што мислат за жените.

Неколку најинтересни работи кои мажите ги мислат за жените, но не ги кажуваат на глас:

„И ние исто така сакаме озборување понекогаш... за жени, најчесто.“

raboti-koi-mazhite-gi-mislat-no-ne-gi-spodeluvaat-so-zhenite-02.jpg

„Ги разбираме жените многу помалку отколку што сакаме. Но, истовремено, многу повеќе од што жените мислат.“

„Всушност, многу сакаме комплименти, посебно ако се за нашиот изглед. На пример, ако некој ни каже дека брадата ни стои добро, ќе почнеме многу почесто да ја пуштаме.“

 „Убавината е субјективна перцепција и секој маж има свои стандарди за убавина. Добро е жената да ги има посакуваните 90/60/90 пропорции, но не мора да значи дека секој маж го сака тоа секогаш.“

raboti-koi-mazhite-gi-mislat-no-ne-gi-spodeluvaat-so-zhenite-03.jpg

„Многу мажи патат од депресија и анксиозност, но не зборуваме за тоа и се нервираме кога ни го спомнувате, бидејќи многу жени не сфаќаат дека нас ни треба многу повеќе време да сфатиме како се чувствуваме. Дајте ни време да го процесираме тоа.“

„Ги забележуваме недостатоците во вашиот изглед исто како што забележуваме мал неред во домот. Но, ве сакаме и токму таа совршеност ни е приоритет.“

„Во суштина, не ни е гајле каков стил на облекување имате. И така жените се опседнати со облеката не заради мажите, туку заради другите жени.“

raboti-koi-mazhite-gi-mislat-no-ne-gi-spodeluvaat-so-zhenite-04.jpg

„Преферираме природна убавина. Дури и ако сакате да прекриете некои недостатоци со козметика, повеќе сакаме да ги оставите лузните и пегите воочливи, наместо да ги криете под шминка обидувајќи се да изгледате на совршена жена.“

raboti-koi-mazhite-gi-mislat-no-ne-gi-spodeluvaat-so-zhenite-05.jpg

„Мажите сакаат иницијатива од ваша страна, а не само ние да водиме сè и да треба да знаеме што ви се прави во секој момент.“

„Мажите сакаат кога жените бараат совети од нив. Тие сакаат кога нивното мислење се цени.“

raboti-koi-mazhite-gi-mislat-no-ne-gi-spodeluvaat-so-zhenite-06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg