Развојот на видео-игрите е исполнет со драстични промени и иновации. Од 1972 година, кога излегоа култните аркадни игри Pong, Space Invaders и Pac-man, до огромниот отворен свет на The Witcher 3, видео-игрите стануваат нов интерактивен медиум. Секоја игра се гледа како чин на забава која, исто така, поседува и одредени правила. Со развивање на хардверот и софтверот, кои во раната историја на видео-игрите создавале одредени ограничувања, денес постојат многу поголеми можности во создавањето на световите, дизајните и приказните. Но дали можат видео-игрите да се сметаат за уметност?