Техника за вапцање со која ќе добиете тиркизни велигденски јајца
Тиркизната нијанса е веројатно една од најоргиналните во која може да ги офарбате шарените велигденски јајца, но не и најлесната за погодување.
Тајната не лежи во купечките бои, туку во виолетовата зелка, верувале или не.
За 12 јајца потребно ви е:
- 1 црвена зелка
- 4 лажици алкохолен оцет
Подготовка:
Исечкајте ја зелката, па така исечкана префрлете ја во тенџере со 5 шолји вода. Вријте ја од 30 до 45 минути.
Оставете ја сварената зелка да се олади целосно, па извадете ја од водата. Во водата ставете 4 лажици алкохолен оцет и имате боја за јајца!
Наредете ги претходно сварените јајца во длабок сад, па прелијте со водата. Ако сакате светла боја, доволно е да отстојат 1 час, а ако сакате потемна нијанса може да ги држите во бојата 2-3 часа.
Потребно е на половина час да ги превртувате јајцата низ садот, за бојата да биде рамномерна.
М. Д. | Црнобело