Дали сте се заљубиле на „прв мирис“?

Дали некогаш ви се случило прво да се заљубите во парфемот, а потоа во личноста? Ако да, не сте сами! Врската помеѓу заведувањето и мирисот е стара колку и самата цивилизација. Според приказната за Клеопатра, не еден туку двајца лидери на Римската империја биле маѓепсани токму од нејзината парфимирана напивка.

Dali ste se zaljubile na prv miris 01

Па што е тоа во мирисите што ги клекнува на колена и најголемите воини?

Психолозите велат дека делот од мозокот кој ги процесира мирисите е задолжен да ги обработува и емоциите, затоа одредени ароми навистина може да не возбудат.

Ванила

Ванилата ја бие лош глав поради својата едноставност, која пак е последица на претеранта употреба. Сепак, таа е докажан афродизијак, а овој благ мирис подеднакво ги возбудува и мажите и жените.

Ванилата е можеби слатка, но има силен, интензивен, животински аспект и предизвикува среќно чувство.

Dali ste se zaljubile na prv miris 02

Ментол

Мирисот на ментол не е нешто што го поврзуваме со секс и возбуда, но станува збор за вистинска енергична арома, со свежи ноти кои поттикнуваат чувство на возбуда.

Научните студии покажуваат дека мирисот на мента има позитивен ефект на менталната стимулација, вниманието и физичката возбуда.

Dali ste se zaljubile na prv miris 03

Мошус

Мошусот и сексот се директно поврзани - оваа миризлива супстанција ја излачува еден вид на елен без рогови (се лачи од жлездата сместена над неговиот стомак).

Мошусот е најстарата и најсвета сексуална мирисна состојка која прави да се чувствувате сензуално.

Dali ste se zaljubile na prv miris 04

Јасмин

Јасминот е најсензуалната нота, а тоа што ја прави уникатна е комбинацијата од слатката цветна арома и животинската карактеристика, односно присуството на индол.

Индолот  ароматично органско соединение кое може да се најде и кај гениталиите. Звучи откачено, но ова е оптимистичен, „сончев“ мирис кој е застапен кј 83% од женските и 33% од машките парфеми.

Dali ste se zaljubile na prv miris 05

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 опасни професии од минатото за кои сме благодарни што веќе не постојат Собирачи на пијавици, но и чистачи на средновековни тоалети, без канализација… ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg