Матурантка останала без партнер, па нејзиниот дедо се облекол во тон и ја спасил ситуацијата (фото)
Кајла Бел од Калифорнија се подготвувала за незаборавна матурска вечер. Со прекрасен фустан, фризура и чевли подготвени за танцување, била совршена матурантка, но ѝ недостасувал партнер.
А, потоа се појавил нејзиниот дедо кој ја спасил ситуацијата.
Кајла вложила многу труд во својот изглед. Одбрала фантастичен цветен фустан, за кој ѝ помогнале нејзините баба и дедо. Ѝ помогнале и да најде добра кројачка и се погрижиле нивната внука да биде матурантка со стил.
Но, тоа не било сè што испланирале.
Кајла останала без партнер до последна минута, па нејзиниот дедо Алвин реши да ускокне и да ја спаси ситуацијата.
Облекол одело, добро искоординирано со боите на фустанот на внуката, ѝ однел цвет за на рака и направиле фотосесија заедно.
Фотките ги воодушевија сите баби и дедовци кои ја разбираат близината со внуците:
М. Д. | Црнобело