Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џудит Барси
До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку популарни филмови и серии. Но, кога нејзината кариера цутела, татко ѝ ладнокрвно ја убил, пред да се застрела самиот.
Џудит Барси се покажала како надежна актерка уште на 5-годишна возраст.
Но, нејзината кариера и нејзиниот живот завршија трагично.
На 10-годишна возраст, талентираното девојче беше убиено од татко ѝ, кој ја убил и мајка ѝ, а потоа извршил самоубиство.
Неколку детали за краткиот живот на Џуди и нејзината трагична смрт:
Џудит била родена во јуни, 1978 година, а нејзините родители биле доселеници од Унгарија.
Се запознале во ресторан во Калифорнија, а претходно и двајцата имале по еден пропаднат брак.
Кога Џудит имала пет години, мајка ѝ Марија Барси почнала да ја носи на аудиции и девојчето добивало мали улоги во реклами.
Нејзиниот талент бил забележан брзо, па снимила над 70 реклами, а гостувала и во неколку телевизиски серии.
Уште пред да наполни 10 години, Џудит почнала да добива улоги и во филмови, вклучувајќи го и Jaws: The Revenge.
Џуди го позајмува гласот и во анимираните филмови The Land Before Time и All Dogs Go to Heaven од кои и двата беа премиерно прикажани по нејзината смрт.
Благодарение на успехот, Џуди заработувала и до 100.000 долари годишно (кои денес би вределе околу 250.000 долари).
Но, како што успехот на Џуди се зголемувал, нејзиниот татко станувал погневен и пољубоморен.
Татко ѝ Џозеф бил алкохоличар и почнал постојано да се заканува дека ќе ги убие Џудит и мајка ѝ, но и дека ќе се самоубие.
Тој и продолжил да работи како водоводџија за многу ниска плата, без разлика што Џуди заработувала доволно и им помогнала да купат нова куќа во Лос Анџелес.
Во една пригода. Џозеф бил уапсен за возење под дејство на алкохол, а еднаш сопругата го пријавила за физичко насилство.
Случајот бил отфрлен бидејќи не биле најдени докази за насилство, но наводно Џозеф оттогаш престанал да пие.
Сепак, психичката и физичката тортура што ја трпеле Џудит и мајка ѝ продолжила – тој им се заканувал дека ќе ги убие, дека ќе ја запали куќата, а многупати и ги тепал.
Иако Џудит продолжила да глуми, насилството почнало да остава последици.
Девојчето се здебелило и почнало да покажува знаци на компулсивно растројство – самото си ги кубело трепките, а понекогаш ги кубело и мустаќите на нивната мачка.