Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џудит Барси

Во мај 1988-ма, кратко пред нејзиниот 10-ти роденден, Џудит се расплакала пред нејзиниот агент.

Тој веќе се сомневал дека нешто не е во ред, а по оваа сцена ја притиснал мајка ѝ да ја однесе кај професионалец.

bila-dzvezda-vo-holivud-tatko-ja-ubil-na-10-godishna-vozrast-tazhniot-i-kratok-zhivot-na-akterkata-dzhudit-barsi-03.JPG

Мајка ѝ Марија, исплашена, ја однела на детски психолог кој утврдил дека Џудит е жртва на физичко и психичко насилство и го пријавил случајот во служби за заштита на деца.

Марија ветила дека ќе се разведе од Џозеф и дека со Џудит ќе се преселат во друг град.

Па, Џозеф не бил осуден, случајот бил затворен и Џудит останала со родителите.

Мајка ѝ, пак, се плашела да ја почне бракоразводната постапка бидејќи не сакала да ја изгуби куќата и сè што поседува.

Но, ова ја чинело живот – и нејзиниот, и на ќерка ѝ.

bila-dzvezda-vo-holivud-tatko-ja-ubil-na-10-godishna-vozrast-tazhniot-i-kratok-zhivot-na-akterkata-dzhudit-barsi-05.JPG

На 27-ми јули 1988 година, од семејниот дом на Џудит се слушнале истрели и куќата почнала да гори.

Нивна сосетка, која знаела за ситуацијата во домот на Џудит, повикала полиција и, како што има изјавено, штом ги чула истрелите, ѝ станало јасно што се случило.

bila-dzvezda-vo-holivud-tatko-ja-ubil-na-10-godishna-vozrast-tazhniot-i-kratok-zhivot-na-akterkata-dzhudit-barsi-14.JPG

Кога пожарникарите влегле во куќата, во ходникот го виделе мртвото тело на Марија Барси.

Сопругот ја застрелал во главата и ја полил со бензин.

Слична глетка ги дочекала и во собата на малата Џудит, која била убиена на ист начин како мајка ѝ.

Во гаражата, тие го нашле телото на Џозеф Барси кој се застрелал самиот.

bila-dzvezda-vo-holivud-tatko-ja-ubil-na-10-godishna-vozrast-tazhniot-i-kratok-zhivot-na-akterkata-dzhudit-barsi-12.JPG

По трагичното убиство, јавноста остро ги критикуваше американските служби за заштита на деца бидејќи многу брзо го затвориле случајот, иако имале многу сведоци за насилството.

Нивната одбрана била само тоа дека Марија им ветила дека ќе се разведе од Џозеф.

bila-dzvezda-vo-holivud-tatko-ja-ubil-na-10-godishna-vozrast-tazhniot-i-kratok-zhivot-na-akterkata-dzhudit-barsi-11.JPG

По смртта на Џудит, актер кој го позајмува гласот во All Dogs Go to Heaven прашал дали може наново да го сними неговиот дијалог во една сцена.

Во сцената, ликот на Џудит се збогува со ликот на актерот.

Тој го снимал дијалогот гледајќи фотографија од Џудит и му биле потребни 70 обиди за да го сними без да се расплаче.

Сцената можете да ја погледнете во продолжение:

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg