Проблеми кои ги имаат натпросечно интелигентните девојки

Интелигенцијата се смета за вредна и посакувана особина, а се верува и дека паметните и интелигентни луѓе многу полесно се снаоѓаат во животот.

ova-se-problemite-koi-gi-imaat-natprosechno-inteligentnite-devojki-01.jpg

Но, она што малкумина го знаат е дека и на овие лица им е тешко, особено поради тоа што секоја одлука ја размислуваат и по неколкупати, а со тоа си создаваат притисок и стрес. Познати ви се овие проблеми?

Натпросечната интелигенција некогаш е навистина предизвик, а ова се најчестите проблеми на девојките со висок IQ:

Мислат повеќе од што зборуваат

Тие не се многу зборливи бидејќи не сакаат да се „истрчуваат“ со непромислени зборови и идеи. Од друга страна, ги фрустрира да слушаат туѓи глупости и не сакаат да бидат дел од тоа.

Понекогаш дури и се прашуваат дали вреди да ги споделат своите идеи и мислења, со оглед на тоа што мала е веројатноста да бидат сфатени. Исто, лесно се нервираат кога некој мудрува на одредена тема, а всушност не знае што зборува.

Не знаат да „дрдорат“

Способни се да разговараат, но само доколку тој разговор е конструктивен и води кон решавање на одредени проблеми. Озборувањето и дрдорењето за нив се само губење време.

ova-se-problemite-koi-gi-imaat-natprosechno-inteligentnite-devojki-02.jpg

Здодевно им е на работа

Откако ќе научат како да си ги вршат работните задачи и тоа ќе им стане дел од рутината, многу од интелигентните луѓе во тој момент се презаситуваат од тоа. Нивниот мозок бара многу повеќе, бара нови задачи и нови предизвици... А ваквите работни позиции се навистина ретки.

Тешко носат одлуки

Секое носење одлуки кај нив е проследено со долго размислување на темата, проценки и потпрашања кои се појавиле во текот на мисловниот процес. Затоа и не можат „од прва“ да донесат одлука, бидејќи не се доволно сигурни што е правилно, а што не.

Се сомневаат во себе

Многумина веруваат дека на интелигентните им е лесно, бидејќи би требало да имаат висок степен на самодоверба и сигурност во одлуките кои ги носат. Но, реалноста е дека своите идеи тие често ги премолчуваат затоа што не се сигурни дека се добри и комплетни.

Затоа и често се во ситуација некоја туѓа полоша идеја да биде реализирана, затоа што личноста не се сомневала во себе и со тоа, не се срамела да ја презентира.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg