Чувства за кои не знаевте дека постојат, бидејќи ги нема во нашиот јазик

Дали некогаш сте почувствувале малку буки-вуки? И да, веројатно немате идеја што е тоа. Се работи за чувство на возбуда кое ве тера да соблечете сè од себе кога танцувате.

Cuvstva za koi ne znaevte deka postojat 01

Можеби сте почувствувале мал килиг, односно пеперутки во стомакот додека разговаравте со личноста која ви се допаѓа.

Или некогаш сте се почувствувале uitwaaien, што е чувство на задоволство после прошетка по ветровито време.

Овие зборови кои ги опишуваат различните чувства се преземени од многу јазици, бидејќи немаат соодветен еквивалент на нашиот јазик.

Positive Lexicograhpy Project е проект спроведен од Тим Ломас кој сака да ги опфати различните нијанси на емоции. Тој верува дека, кога овие термини би се вклучиле во нашиот заеднички речник, би можеле подобро да ги разбереме сопствените и туѓите чувства.

Многу од овие термини се однесуваат на позитивните чувства кои зависат од специфичните околности:

Desbundar (португалски) – препуштање во целост со цел да се забавуваме.

Tarab (арапски) - состојба на екстаза или фасцинација со музика.

Shinrin-yoku (јапонски) - релаксација предизвикана со капење во шумата, во дословно или пренесено значење.

Gigil (тагалог) - неодолива потреба да прегрнеме некого, бидејќи го сакаме или посакуваме.

Јуан Bei (кинески) - чувство на потполно и совршено задоволство.

Cuvstva za koi ne znaevte deka postojat 03

Другите термини претставуваат сложени искуства кои можат да бидат клучни за нашиот личен развој, како што се:

Saudade (португалски) - огромна носталгија кон некоја личност, место или предмет.

Wabi-sabi (јапонски) – убавината на несовршеноста.

Natsukashii (јапонски) - носталгичен копнеж кон минатото, проследен со среќа предизвикана од некоја меморија.

Sehnsucht (германски) - буквално значи „животен копнеж", силна желба за достигнување на успех.

cuvstva-za-koi-ne-znaevte-deka-postojat-bidejki-gi-nema-vo-nasiot-jazik-2.jpg

Покрај овие термини Ломас додаде и други зборови кои се поврзани со лични особини и однесувања кои ја одредуваат нашата благосостојба и начинот на кој ги остваруваме меѓучовечките односи:

Dadirri (абориџински) - длабок и духовен чин на слушање на другите со многу почит и размислување.

Pihentagyú (унгарски) - буквално значи „со опуштен мозок“; ги опишува луцидните лица со генијални идеи и решенија.

Sukha (санскрит) - вистинска среќа независна од околностите.

Cuvstva za koi ne znaevte deka postojat 04

Ломас се надева дека во иднина и другите психолози ќе почнат да ги истражуваат причините и последиците од овие термини и дека ова ќе го промени начинот на кој чувствуваме, бидејќи ќе се фокусираме на емоциите на кои досега не сме обрнувале внимание.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg