Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 навики на луѓето кои ги почитуваат сите, според психологијата

Не откажуваат планови во последен момент, скромни се и размислуваат пред да кажат што било.

9-naviki-na-lugjeto-koi-gi-pochituvaat-site-spored-psihologijata-01.jpg

Постојат луѓе кои ја стекнуваат почитта на другите уште при првата средба.

Ова се луѓе кои делуваат самоуверено, но притоа и тие покажуваат почит и не им даваат причина нa другите да имаат лошо мислење за нив.

Во продолжение, деветте навики и одлики кои им помагаат во ова:

Истрајни се

Овие луѓе се истрајни за сè во животот. Кога почнуваат да работат на нешто, одат до крај и не дозволуваат неважни работи да им го одвлекуваат вниманието од целта.

Внимаваат на говорот на телото

Иако не секогаш му обрнуваме внимание, говорот на телото е мошне важен.

Веројатно и самите имате забележано дека луѓето кои стојат исправено секогаш делуваат посамоуверено и со тоа ги почитувате повеќе.

Не откажуваат планови во последен момент

Со тоа што ги исполнуваат ветувањата, овие луѓе покажуваат почит кон другите и делуваат како личности кои не изневеруваат.

9-naviki-na-lugjeto-koi-gi-pochituvaat-site-spored-psihologijata02.jpg

Размислуваат пред да кажат нешто

Пред да кажат што било, особено во поделикатна ситуација, овие луѓе добро размислуваат за последиците од нивните зборови.

Никогаш не брзаат и сметаат дека некогаш е подобро и да премолчат, отколку да кажат погрешен збор.

Скромни се

Овие луѓе не се фалат со успеси, богатство или што било. Горди се на своите достигнувања, но не ги користат за да ги омаловажат другите.

Не пробуваат да ги импресионираат другите

Луѓето кои ја имаат почитта на другите не се преоптоварени со тоа да импресионираат.

Се трудат да бидат учтиви и да остават добар впечаток, но не одат до крајности за да му се допаднат некому.

9-naviki-na-lugjeto-koi-gi-pochituvaat-site-spored-psihologijata03.jpg

Не се преоптоваруваат со работи надвор од нивна контрола

Свесни се дека штом немаат контрола над нешто, не вреди да трошат многу време и енергија на тоа.

Ги прифаќаат лошите ситуации и пробуваат на научат нешто од нив, наместо да дозволат да им влијаат.

Не очекуваат туѓо признание

Среќата на овие луѓе не зависи од другите и нив им е во ред и ако не им се допаѓаат на сите.

Знаат дека она што го прават за свое добро нема да биде одобрено од сите, но не дозволуваат тоа да им влијае.

Имаат смисла за хумор

Смислата за хумор обично е знак и за интелигенција, па не е чудно што сите ги почитуваат луѓето кои знаат да се пошегуваат.

Секако, важно е да знаете и кога е време да кажете шега, а кога треба да останете сериозни. Истовремено, никогаш не треба да ги користите шегите за да омаловажите некого.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg