Времето е концепт кој нема смисла за жителите на овој остров, кои сакаат да ја создадат првата „слободна зона“ во светот, каде што нема да постои пресметување на времето. На островот Сомарој, познат и како Островот на летото, помеѓу 18 мај и 26 јули, не паѓа ноќ, а имајќи предвид дека се наоѓа на север од Норвешка, во близина на Арктичкиот круг, сонцето не заоѓа. Денот трае 69 дена, а од ноември до јануари, владее потполна темница.