Непријатни чувства кои повеќето луѓе ги избегнуваат, а всушност ви го подобруваат животот
Никој не сака да се чувствува лошо и неудобно, па речиси секој од нас бара начин да го избегне тоа.
Сепак, постојат некои навидум неудобни чувства и емоции кои сепак се добри за вас.
Понекогаш треба да си дозволите да ги почувствувате, бидејќи само тие ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат за вас.
Немање 5-годишен план
Идејата дека кој било знае каде ќе се наоѓа неколку години од денес е илузија, утешителна илузија. Подобро е да се фокусирате на чекорите што треба да ги примените сега, наместо премногу да размислувате за патот на кој можеби и нема да сакате да бидете кога ќе дојде време.
Минување цел ден сами со себе
Во самотијата ќе ја најдете свесноста за себе. Кога не треба да бидете никој друг освен вие, ќе сфатите што значи да бидете свои.
Правење „ништо“
Претераната продуктивност може да биде добра, но во мали дози. Но, токму кога „нема да правите ништо“, ќе ги најдете вистинските радости во животот.
Читањето книга, пиењето кафе и вдишувањето на утринскиот воздух, релаксирањето на каучот и смеењето со пријателите можеби немаат никаква идна цел, но се најдобрите нешта што можете да ги направите за вас.
Признавање кога грешите
Кога ви е тешко да признаете дека грешите, запрашајте се дали ви е поважно да бидете во право, или да бидете добри?
Неоправдување на вашите постапки
Не ги оправдувате вашите постапки за да ги убедите другите дека сте го направиле вистинското нешто. Ги оправдувате за да се убедите самите себеси.
Чувство на анксиозност без причина
Наместо да се обидувате да дознаете од каде потекнува анксиозноста, едноставно дозволете си да се чувствувате напнато без некој причина. Иако можеби звучи страшно, токму ова ќе ви помогне побрзо да се ослободите од анксиозноста.
Броењето калории, штедењето и менувањето на фризурата нема да го реши проблемот што не е поврзан со храна, пари или изглед.
Ценење на вашите механизми за справување
Наместо да си судите поради она што требало да го направите за да преживеете, почнете да го цените она низ коешто сте поминале. Штом ќе го направите ова, ќе сфатите што ви е потребно за да се развивате.
Прифаќање на осудувањето на другите
Осудувањето најчесто е проекција на некоја рана. Постојат малку нешта што можат да ви кажат дека не сакате да исцелите некој дел од вас, така што го истакнувате она што треба да биде исцелено кај другите.
Разговарање со некој за нешто друго освен за туѓите животи
Навистина е лесно да се поврзите со некој поради нешто што заедно го мразите, но ова може да биде токсично. Обидете се вашите разговори да бидат за книги, идеи, патување или што било што ви е интересно.
Прифаќање на постоењето на повеќе вистини
Она што било вистина пред 5 години, може нема да биде вистина денес. Но, сепак, и двете нешта биле вистинити во еден момент. Прифатете ги парадоксите на животот – многу често две сосема различни идеи можат да бидат вистинити на нивен начин.
Знаењето дека премногу неодлучност е сепак одлучност
Доколку треба премногу да размислувате за нешто, одговорот најверојатно е не. Ова значи дека она што ви е „судено“ не бара премногу размислување. Неодлучноста е одлука којашто сè уште не сте ја прифатиле.
Волја за прифаќање и добивање
Женствената енергија ви кажува што сакате, а мажествената како да го добиете. Кога имате премногу од второто, можете да се затворите кон интуицијата и чудењето.
Често ова води до чувство на изгубеност и неповрзаност. Волјата да прифатите и добиете нешто е висинскиот почеток на вашето исцелување.
Гнев
Гневот е навистина информативна емоција. Тој ви кажува во што да верувате, што треба да промените и за што сте страсни.
Кога ќе си дозволите да го почувствувате гневот, можете и да го насочите во која насока сакате. Кога го потиснувате, тој може да се појави на навистина деструктивен начин.
Чувствување здрав срам кога сте направиле нешто погрешно
Срамот станува токсичен кога се казнувате себеси, без разлика што не сте погрешиле ништо. Но, срамот е здрав и важен дел од вашиот емоционален капацитет што ви покажува како можете да направите нешто подобро.
Бавно, но добро правење на нештата
Гответе за да готвите, наместо за да јадете. Работете за да креирате, наместо само за да ја завршите работата. Одете за да разгледате, наместо за само да стигнете до некоја дестинација.
Длабоко дишење
Токму преку дишењето ги процесирате вашите емоции. Луѓето кои одбиваат да ги прифатат емоциите често не можат да дишат длабоко и неретко се обидуваат да си го одвлечат вниманието со храна или пиење.
Но кога ќе научите да дишете полно и длабоко и ќе го прифатите она што ви се случува, полесно ќе го надминете целиот проблем или лош период.
Спирова С. | Црнобело