Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како црвените конци управуваат со нашиот живот според античка јапонска легенда?

Која е смислата на животот? Секоја култура и религија има обид за одговор на ова тешко прашање. Благодарение на оваа потрага, луѓето ги продуцираа најубавите уметнички дела, најкомплицираните филозофски трактати и најпривлечните легенди. Оваа легенда потекнува од Јапонија и се вика: „Црвените конци на судбината“.

Kako crvenite nitni upravuvaat so nasiot zivot spored anticka japonska legenda 01

Затворете ги очите и замислете дека вашето тело е целосно транспарентно. Фокусирајте се на еден посебен нерв - оној што води директно од срцето до малиот прст. Истиот извира од лактот, правејќи го вашиот мал прст гласник на срцето.

Поради оваа причина, во повеќето култури низ целиот свет, помирувањето и заклетвите се вршат со помош на малиот прст.

Според античка јапонска легенда, овој нерв, што потекнува од срцето, не завршува на врвот на малиот прст. Истиот продолжува над телото во форма на невидлив црвен конец и го спојува вашето срце со срцата на другите луѓе.

Kako crvenite nitni upravuvaat so nasiot zivot spored anticka japonska legenda 02

Две лица поврзани на овој начин се поврзани со самата судбина. Тие порано или подоцна ќе се запознаат, каде и да се, и колку и да бидат физички оддалечени. Кога тоа ќе се случи, запознавањето ќе остави неизбришлив белег на нив.

Понекогаш црвените конци можат да бидат испреплетени и со другите конци, што може да предизвика да се одложи судбоносната средба. Но, двете нишки наменети една за друга никогаш нема да се прекинат, а нивната судбина ќе се исполни, порано или подоцна.

Ако некогаш сте помислиле дека некоја средба во вашиот живот е судбоносна, оваа легенда докажува дека сте биле во право. На крајот на краиштата, една стара изрека од Јапонија вели: „Нашиот свет е полн со пречки, но ништо не се случува во него случајно“.

Kako crvenite nitni upravuvaat so nasiot zivot spored anticka japonska legenda 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Чудни (но практични) работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Чипс со вкус на цвет од црешово дрво, но и автомат за банани – што сè можете да ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg