Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите
Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и вагони во метрото наменети исклучиво за жени.
Секоја земја е уникатна на свој начин, но според многумина Јапонија се истакнува над скоро сите.
Покрај богата историја и култура, и модерниот начин на живот во Јапонија постојано ги буни странците и туристите.
Неколку ситници од секојдневието на Јапонците што ја покажуваат уникатноста на оваа земја:
Ако имате тетоважа, препорачливо е да ја скриете кога ќе одите во Јапонија. Тетоважите не се нелегални, но многумина ги поврзуваат со озлогласената криминална организација Јакуза, па и Јапонците кои се тетовирани, настојуваат да ги кријат кога се во јавност.
Кога влегуваат во училиштето, учениците мора да ги соблечат чевлите со коишто дошле и да облечат чисти чевли. Ова правило важи за секој кој ќе влезе во училиштето, вклучувајќи ги и родителите.
Бидејќи земјотресите се честа појава во Јапонија, неретко луѓето се заглавени во лифтови. А, за таквите ситуации, во многу лифтови има инсталирано тоалетот „за итни случаи“. Некогаш покрај тоалетот, има и храна и вода, во случај личноста да е заглавена подолг период.
-->
-->
Јапонците ги гледаат милениците како свои деца, па не е реткост да видите како некој си го шета кучето (па и мачката) во количка.
-->
Според јапонската култура, неучтиво е да се навалите на масата додека јадете. Поради ова, кога оброкот им овозможува, Јапонци ја држат чинијата во рака додека јадат.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото)
Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото)
Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...

Чудни (но практични) работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото)
Чипс со вкус на цвет од црешово дрво, но и автомат за банани – што сè можете да ...

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени
Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат
Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат
Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...