3 личности кои секој треба да ги има во животот
Суштината на животот лежи во поврзаноста со луѓето поради кои учиме нови работи и растеме.
Иако секој што се појавува во нашите животи носи лекција што мора да научиме, некои врски се едноставно повеќе посебни од другите.
Овие 3 видови на личности секој треба да ги има во животот:
1. Сродна душа
Сродна душа е некој што се вклопува во вашата душа како парче сложувалка. Кога сте со нив никогаш не ви е непријатно, ниту пак имате потреба да се оддалечите од нив.
Ова не значи дека во оваа врска нема да имате дебати и дискусии, но овие дискусии водат само до посилен однос.
Сродна душа не мора нужно да ви биде партнер, иако луѓето честопати овој термин го поврзуваат со тоа. Сродна душа може да ви биде мајка, сестра, најдобар пријател или сосед.
2. Ваше огледало
Ова е личност која ви ги кажува работите точно какви што се, без разубавување. Ќе ви ја каже вистината дури и кога истата ќе ве повреди.
Ова не се подмолни луѓе кои сакаат да ве повредат, туку чесни луѓе кои не се грижат за какви било норми.
Тие веднаш ќе ви кажат кога се однесувате на погрешен начин и кога се движите во погрешна насока.
3.Старател
Тоа е вашиот ментор, учител и водач. Од нив црпите инспирација, охрабрување и животни лекции. Ова може да биде член на семејство, тренер, професор…
Чувар е некој што ве инспирира, што ве охрабрува и поттикнува секогаш да давате сè од себе.
Колку што е подлабока вашата врска со него, толку помалку ќе зборувате за малите нешта во секојдневниот живот, а вашето внимание ќе биде насочено кон големите вистини во животот.
Ашера | Црнобело